ФК Партизан е фудбалски клуб од Белград . 27 пати ја има освоено шампионската титула (прво на СФРЈ , подоцна на Југославија и на крајот на Србија ), а освојувач е и на 15 национални купови. Најголем успех на Партизан на европско тло е финалето во Купот на европските шампиони против мадридски Реал . По распадот на заедничката држава, Партизан е првиот клуб од Србија кој се има пласирано во Лигата на шампионите и кој ја има поминато фазата по групи во Купот на УЕФА , стигнувајќи до осминафиналето. Стадион Партизан — фудбалски и атлетски стадион кој се наоѓа во Белград , Србија. На овој стадион своите домашни натпревари ги игра ФК Партизан , како и Фудбалската репрезентација на Србија . Стадионот се наоѓа во населбата Аутокоманда во Општина Савски венац . Стадионот во периодот од 1951 до 1989 година го носел името „ Стадион на Југословенска...